Дома Фудбал Англија Халанд не запира: Продолжува да руши рекорди во Премиер лигата

Халанд не запира: Продолжува да руши рекорди во Премиер лигата

Maнчестер Сити вчера го победи Арсенал со убедливи 4:1, а Ерлинг Халанд на оваа средба беше стрелец на последниот гол во самиот финиш.

Норвежанецот урива рекорди од самиот старт на својата епизода во Манчестер Сити, а сега е на бројката од 33 голови со што постави рекорд за постигнати голови во една сезона откако во Премиер лигата се играат по 38 натпревари. Досега рекорд беше Салах со 32.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Исто така на Халанд потребни му се само уште два за ги надмине Алан Ширер и Енди Кол кои имаат по 34 голови, но тие постигнаа толку гола кога во најсилната англиска конкуренција се играа 42 кола со 22 екипи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Италија повторно тагува, “азурите” го пропуштаат третото по ред светско првенство

Италија не успеа да се квалификува на трето по ред светско првенство. “Азурите”…