Иднината на Каи Хаверц во Челзи е несигурна, пренесуваат медиумите на Островот.
Германецот оваа сезона не игра на препознатливото ниво, а во последните денови се појавија информации дека сака да ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Иднината на Хаверц во Челзи е несигурна, па може на лето да си замине. Се ќе зависи од тоа дали тимот ќе обезбеди пласман во ЛШ. Челзи е спремен да се раздели со него за сума од 60 милиони фунти“, потврди новинарот Флориан Плетенберг.
Хаверц има договор со „сините“ за уште две години, а медиумите тврдат дека силен интерес за него покажува Баерн Минхен.