Британците Ентони Џошуа и Тајсон Фјури се владетели во боксот во тешка категорија.
Џошуа во своја сопственост има четири појаси (ВБА, ВБО, ИБО, ИБФ), додека ВБЦ појасот е кај Тајсон Фјури. Желба и кај двајцата има да докажат дека се апсолутни шампиони. Преговорите веќе на големо се водат. Промоторите Еди Хеарн и Боб Арум се убедени дека довор за оваа борба ќе биде постигнат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ќе направиме апсолутно се за сите појаси да бидат во игра. Она што сигурно нема да го направиме е да плаќаме откуп на некого и да дозволиме политиката да се вмеша. Се обидуваме да ги решиме проблемите, искрено ги нема многу. Имаме план за борбата за апсолутен шампион да се случи во мај“, изјави Хеарн.
Очекувањата се оваа борба да вреди неверојатни 500 милиони фунти. Првиот меч е планиран да се одржи на Исток, а вториот во Лондон.