Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ реагира: Прифаќаме критики, но не и невистини!

ФФМ реагира: Прифаќаме критики, но не и невистини!

ffm

Фудбалската федерација на Македонија прифаќа добронамерна критика, меѓутоа, никогаш нема да прифатиме текстови и ТВ прилози преполни со невистина. Сметаме дека работата на Федерацијата треба да се анализира на темел на факти, а не на измислени конструкции какви што споделува ТВ Сител во своите прилози од информативните изданија.

Познато е дека сериозните работи се решаваат низ дијалог, како што прави ФФМ и во случајот околу продолжувањето на првенството во Прва МФЛ, а не преку медиуми.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За жал, поединци од ФК Силекс преку својата ТВ Сител се подготвени и ја користат важната тема околу продолжувањето на МФЛ за своја промоција преку медиумот, што не е изненадување, но е разочарување.

За разлика од вашиот круг на живеење и функционирање, во ФФМ не владее едноумие, туку демократија. Затоа е вообичаено, Управниот одбор да разговара, расправа и заеднички да одлучува по сите прашања, со должно почитување на секој поединечен став.

Уште повеќе што Фудбалската федерација на Македонија е отворена за секој клуб преку телата и органите на Федерацијата да ја дадат својата забелешка, односно предлог за подобрување на било кој дел од работењето на ФФМ.

При носењето на одлуката за продолжување на натпреварите од Прва МФЛ, Фудбалската федерација на Македонија ги имаше в предвид размислувањата и предлозите на сите клубови од Прва МФЛ, но клучно при носењето на одлуката беше ставот на координативниот кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Корона вирус CoVid-19 и клубовите од Прва МФЛ чии претставници беа на состанокот во „Куќа на фудбалот“ и прифаќајќи го здравствениот фудбалски протокол недвосмилено дадоа „зелено светло“, тимовите да започнат со подготовка за враќање на натпреварите.

Се разбира, постојано следејќи ја моменталната здравствена ситуација во државата, за ФФМ одлуката за продолжување на првенството во Прва МФЛ не значи дека е безусловна. Во зависност од протоколот на државата, мерките и упатствата од здравствените институции, многу веројатно е дека промени во однос на таа одлука се можни. Соочени со пандемијата и досега потврдивме дека една работа на сите нас ни е посебно јасна: Здравјето е на прво место.

Нашата желба да се обидеме да се вратиме на секојдневните работи и обврски, секако не би требало да биде тема на сензационалистички написи, медиумски „терор“ и „незапамтен“ скандал, посебно од одбрани новинари кои веројатно за прв пат во својата кариера се соочуваат со таа тема.

Уште повеќе, што влијателен претставник од телевизија Сител во улога на претставник на ФК Силекс беше присутен на двата состаноци во Фудбалската федерација на Македонија и свесно се обидува да ја злоупотреби ситуацијата пласирајќи невистини, злонамерни изјави и конструкции.

Навистина е необјасниво и разочарувачки што споделувате клевети и ја лажете јавноста, но за жал, тоа не е ништо ново. Начинот на функционирање од деведесеттите, за нас одамна е минато и ќе продолжиме да работиме во интерес на македонскиот фудбал.

Актуелното раководство на Федерацијата континуирано повикува на дијалог и комуникација како единствен пат за квалитетен однос и на тоа ќе инсистираме и во иднина.

Овој начин на комуникација не соодветстува со практиката на ФФМ и имајќи ги в предвид сериозните предизвици со кои сме соочени, нема да продолжиме со ваков начин на комуникација. Но, тоа не значи дека нема да ги искористиме сите правни форми кои ги имаме на располагање, поединците да одговараат за ширење лаги и дезинформации.

Фудбалската федерација на Македонија апсолутно е посветена на воспоставување дијалог со добронамерен, конструктивен и квалитетен однос со било кој субјект од нашата држава. Истото го бараме и за возврат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…