Фудбалската федерација на Македонија денес го одржа генералното собрание на кое присуствуваа 55 од вкупно 58 делегати. На собранието присуствуваа и претставниците на УЕФА, Чарлс Борман и Денис Бастари.
На собранието се потврди измената за системот на натпревари во Првата лига во сезоната 2022/2023 каде ќе останат 12 клубови, но ќе се формира и единствена Втора лига со 16 клуба.
Lazar KeskinovПред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалската федерација на Македонија остварила приход од 19 милиони евра, а најголемиот дел од нив се инвестирани во подобрување инфраструктурата и на опслужување на фудбалските репрезентации. На крајот на годината, ФФМ остварила добивка од 4,3 милиони евра.