Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ го казни Башкими: Суспендиран теренот во Куманово

ФФМ го казни Башкими: Суспендиран теренот во Куманово

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешната седница донесе одлука со која теренот на ФК Башкими 1947 Куманово  се суспендира за одигрување на првенствени и куп натпревари кога како домаќин е екипата на Башкими 1947 Куманово, се до донесување на конечна одлука на Дисциплинската комисија на ФФМ

Oваа одлука доаѓа по инциденетот кој се случи за викендот кога фудбалер на Каменица Саса беше нападнат од навивач од трибините.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Неприфатлив однос на домашната публика кон нашите фудбалери на вчерашниот меч во Куманово. Дали насилството се враќа на фудбалските терени? На кој му одговара ваков толерантен однос кон хулиганите и насилниците? Треба ли секој натпревар наместо надигрување, да биде закана за безбедноста по здравјето и животот на фудбалерите? Што треба да се случи на фудбалските терени за конкретна реакција на надлежните? Само ФК Каменица Саса е жртва на два идентични напади со насилство во оваа и минатата сезона. Станува збор за немили настани и случаи кој ги преживуваат многу од екипите при гостувањата кај клубови со реално слаба организација на натпреварите. Безбедноста на фудбалерите и службените лица на натпреварите треба да биде императив во работењето на сите, вклучително и на Фудбалската федерација на Македонија“, гласеше реакцијата претходно на Каменица Саса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…