Дома Македонски спорт Мак фудбал Инцидент во Ченто: Фудбалери на Фортуна физички ги нападнале гостите, па избегале!

Инцидент во Ченто: Фудбалери на Фортуна физички ги нападнале гостите, па избегале!

Инцидент се случил по натпреварот од Третата лига Север помеѓу екипите на Фортуна и Куманово кој завршил со победа од 1:3 за гостинската екипа.

Според официјалниот записник домашни фудбалери физички нападнале гостински, а потоа избегале во соблекувалната да не добијат црвени картони.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Судија на овој натпревар беше Димитар Пилешков кој суди и на натпревари од Првата и Втората македонска фудбалска лига.

“Натпреварот одигран по правила и прописи на ФФМ. Натпреварот доцнеше 15 мин, поради промена на дресовите на двете екипи. Видео матерјалот е предаден на контролорот.

По завршување на натпреварот домашните играчи со бр. 21 Реџепи Иса и играчот со бр. 26 Алилов Ерсин физички нападнаа повеќе играчи од гостинската екипа при што настана масовна конфронтација која за кратко време се стави во нормала. Играчите со бр 21 и 26 од домашната екипа избегаа во соблекувалната при што немаше можност да им се додели црвени картон од страна на главниот судија“, стои во записникот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Реал го смени планот за Алфонсо Дејвис

Реал Мадрид ги прекинал преговорите со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, кој и…