Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на својата интернет страница ги објави номинациите за најдобрите во македонскиот фудбал за сезоната 2016/2017.
Во конкуренција за најдобар фудбалер во македонското првенство се најдоа фудбалерот на Вардар, Стефан Спировски и двајцата фудбалери на Шкендија, Ферхан Хасани и Бесарт Ибраими.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во конкуренција за најдобра фудбалерка влегоа Илза Максути (ЖФК АС Јунајтед), Јана Чубриновска (ЖФК СЦ Истатов) и Александра Ристовска (ЖФК Тиверија).
Елиф Елмаз (Работнички/Фенербахче), Јани Атанасов (Академија Пандев) и Енес Фазлагиќ (Шкендија) се номинирани во категоријата за најдобар млад играч.
Наградата за најдобар тренер во младинските категории ќе заврши во рацете на Беким Османи (Шкендија-младинци) или Горан Станковски (Работнички – кадети).
За најдобар футсал играч во конкуренција за наградата се Александар Глигоров и Драган Петровиќ од КМФ Велс и Еркан Сефери од КМФ Шкупи 1927.
За номонираните можете да гласате ОВДЕ.