Дома Македонски спорт Мак фудбал Футсалците добија нов селектор

Футсалците добија нов селектор

Репрезентацијата во футсал на Македонија денес назначи нов селектор.

ФФМ се огласи соопштение на својот официјален сајт каде што потврди дека ја прифаќа оставката на Иван Божовиќ и за нов селектор го назначува Васил Скендеровски.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„ У.О. на ФФМ ја прифати оставката на Иван Божовиќ на местото селектор на македонската футсал А репрезентација; 

– У.О. на ФФМ го назначи Васил Скендеровски за нов селектор на футсал А репрезентацијата на Македонија. 

Васил Скендеровски беше предводник на футсал репрезентацијата од 2002. до почетокот на 2016. година. Футсал репрезентацијата на Македонија под водство на Скендеровски беше на чекор до пласман на Европско првенство 2015 година, а истата година гол разликата одлучуваше за пласманот на Македонија во бараж за Светско првенство. Со футсал тимовите на Скопје, Алфа Парф, Железарец и Велес има освоено 14 титули првак на Македонија“, стои во соопштението на ФФМ.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…