Дома Фудбал Останато Фудбалска револуција: Погледнете го изведувањето на пенали по нови правила! (Видео)

Фудбалска револуција: Погледнете го изведувањето на пенали по нови правила! (Видео)

УЕФА на кадетското првенство за девојки до 17 години го тестираше новиот начин за изведување пенали, каде тимовите во пенал сериите изведуваат пенали по правилото кое важи во тај-брекот на тениските натпревари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, УЕФА ја разгледува можноста во иднина пеналите во пенал серијата да се изведуваат по начинот на тенискиот тај-брек. Прво едната екипа изведува пенал, потоа противничката има два, а после тоа повторно првиот тим шутира два пенали и така неизменично.

Први таквиот систем го испробаа екипите на Германија и Норвешка, чии меч беше завршен 1:1, па за пласман понатаму мораа да изведуваат пенали по новиот „ABBA“ систем.

Германија го шитираше првиот пенал и промаши. Потоа Норвежанките шутираа два пати со ред, но погодија само еднаш, но Германките ги промашија двата наредни шута.

Сепак, иако ги промашија првите три шута останаа и понатаму во трка за пласман, а благодарение на својот голман успеаа да направат комплетен пресврт.


Germany v Norway – WU17 new penalty shoot-out

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…