На 7-ми октомври сите нивоа на фудбал во Израел запреа со почетокот на воениот конфликт, а денеска израелската федерација информира дека натпреварувањата ќе продолжат.
Први на теренот по прекинот ќе излрзат второлигашите кои на 17. ноември ќе ги играат своите натпревари, додека на 25. ноември ќе продолжат и екипите од првата лига.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Се уште жалиме за жртвите, се молиме и за враќање на киднапираните нашите сонародници. Нашите храбри луѓе се борат на фронтовите за да продолжиме нормално да живееме. Почетокот на фудбалските активности е симболичен и значаен чекор во обновата на економијата и испраќа порака до светот и нашите непријатели“, објасни претседателот на ИПФЛ, Ерес Калфон.
Сите натпревари ќе започнуваат со минута мол во знак на почит за загинатите, додека на трибините ќе има ограничен број гледачи.