Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Фудбалерот на Ливерпул ги критикуваше докторите: Мораат да бидат побрзи!

Фудбалерот на Ливерпул ги критикуваше докторите: Мораат да бидат побрзи!

Капитенот на Унгарија и фудбалер на Ливерпул, Доминик Шобослаи беше еден од хероите во тешката повреда на соиграчот Барнабас Варга, а по мечот ја критикуваше медицинската служба.

Варга остана без свест по еден судир со голманот на Шкотска, Ангус Гун. Камерите го забележаа Шобослаи и како трча до редарите за побрзо носилките да се внесат на теренот. По натпреварот порача дека службите мораат побрзо да реагираат.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


„Бев еден од првите луѓе таму и останав шокиран. Се обидов да го свртам на страна што е најдоброто што можете да го направите во овие ситуации. Не можеше да добие доволно воздух. Не знам како е протоколот, но мораат тие да трчаат на терен ако ни е потребна помош. Мислам дека не одговорија доволно брзо.

Можевте да видите дека тоа е проблем. Јас морав да трчам, сите трчавме бидејќи во такви работи во прашање се секунди. Не носам такви одлуки, меѓутоа нешто мора да се промени во врска со тоа. Реакцијата мора да е побрза. Сите знаеме дека секунди се пресудни“, изјави Шобослаи.

Унгарија на крајот победи со 1:0 во тој натпрвеар со гол во завршницата и така ги задржа шансите за пласман во следната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Освои титула со Леверкузен, па доби нов договор со Баерн

Хрватскиот фудбалер Јосип Станишиќ кој минатата сезона беше дел од Баер Леверкузен доби но…