
Македонскиот напаѓач Доријан Бабунски го запиша првиот погодок во дресот на унгарскиот Ниреѓихаза. Тој беше стрелец во ремито 2-2 на гостувањето кај Ујпешт.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бабунски уште во 12. минута донесе водство за својот тим, кога по нафрлена топка од десната страна со прецизен удар со глава ја затресе мрежата на домаќините. Ујпешт потоа направи пресврт, но до паузата гостите успеаја да израмнат на 2-2.