Дома Македонски спорт Фудбалерките до 19 години убедливо го победија Гибралтар

Фудбалерките до 19 години убедливо го победија Гибралтар

Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години забележа нова убедлива победа во второто коло на квалификацискиот турнир за пласман на ЕП што се одржува во Скопје.

На тренинг центарот „Петар Милошевски”, денеска беше надиграна селекцијата на Гибралтар и беше издвојувана нова убедлива победа со 3:0. Избраничките на селекторот Астрит Мерко сосема заслужено ја остварија втората победа од два одиграни натпревари на овој квалификациски турнир.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Панеска рано во 11. минута го отвори резултатот на денешната средба. Села во 22. минута го зголеми водство на Македонија и ја навести новата победа.

Во продолжението од мечот, поточно во 48. минута, Панеска погоди уште еднаш, за убедливи и конечни 3:0.

Во претходното коло, младата репрезентација на Македонија славеше убедлива победа над Грузија со 4:0.

Астрит Мерко на денешниот натпревар против Гибралтар по 100 пат ја водеше женската репрезентација на Македонија до 19 години.

Македонија: Кабакчи, Блажевска, Головска, Мојсоска, Далипи, Ристовска, Стаблева, Села, Велиу, Сулејмани, Панеска;

Селектор: Астрит Мерко;

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Познати паровите за плеј-оф битките и четвртфиналето во Лигата на Нации

Во Лигата на Нации денеска беше одржана ждребката за плеј-оф битките за промоција и опстан…