Младата репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Босна и Херцеговина.
Двата контролни меча ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот дуел помеѓу Македонија и Босна и Херцеговина е закажан на 27. февруари со почеток во 13:30 часот.
Втората контролна пресметка на програмата е два дена подоцна, со почеток во 11:30 часот.
Селекторот на македонската репрезентација на Македонија до 19 години, Тони Јакимовски се одлучи да ги повика следните фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Љупче Џеков Силекс
Петар Јакимов Беласица
ОДБРАНА:
Давор Серафимов Шкупи
Андрија Димевски Вождовац, Србија
Андреј Велков Брера Пандев
Андреј Аризанкоски Брера Пандев
Даниел Марковски Хелсенборг, Шведска
Ѓорѓе Џеков Силекс
Марко Стојилевски Брера Пандев
СРЕДЕН РЕД:
Фикрет Љиварека Осогово
Мартин Ѓоргијевски Брера Пандев
Теодор Николовски Работнички
Дино Михолов Беласица
Лорик Мухтари Еицхеде, Германија
Амир Нухија Арсими
Лорик Каба Јакупи Шкендија
Димитар Данев Работнички
Никола Манојлов Работнички
НАПАД:
Никола Величковски Македонија Ѓ.П.
Донарт Беџети Хелсингор, Данска
Натпреварот против Босна и Херцеговина, за избраниците на селекторот Тони Јакимовски претставува последна проверка пред елитната фаза на квалификации во Март за пласман на Европско првенство за фудбалери до 19 години.
Собирот на младата репрезентација на Македонија до 19 години е закажан на 26 март во хотел Парк, во Скопје во 10. часот.