Јулијан Лопатеги повеќе не е селектор на шпанската репрезентација.
Лопатеги беше отпуштен на само еден ден пред почетокот на Мундијалот бидејќи вчера потпиша договор со Реал Мадрид, а не го информирал шпанскиот сојуз дека води преговори со „кралевите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на шпанскиот фудбалски сојуз, Луис Рубиалес на денешната вонредна прес-конференција изјави дека сојузот едноставно не можел да го прифати однесувањето на селекторот кој зад нивни грб преговарал со Реал иако пред само 20 дена го продолжи договорот до 2020 година.
„Рамос и Иниеста се обидуваа да не убедат Лопатеги да остане селектор до крајот на Мундијалот, но не можевме да прогледаме низ прсти на такво предавство. Избран е за нов тренер на Реал Мадрид, а никој од нас не знаел ниту дека преговара. Дознавме само пет минути пред официјалната објава и тоа е навистина безобразно од него.
Одлучивме дека не заслужува повеќе да биде наш селектор, му посакуваме се најдобро во иднина“, изјави Рубиалес.
На Мундијалот во Русија Шпанија ќе биде предводена од Фернандо Хиеро.