Дома Трансфер зона Француски репрезентативец пред потпис во Атлетико Мадрид

Француски репрезентативец пред потпис во Атлетико Мадрид

Ѕвездата на Монако, Жибрил Сидибе е многу блиску до трансфер во Атлетико Мадрид, пренесува еминентниот „Екип“.

25-годишниот француски репрезентативец веќе ги договорил личните услови со „јорганџиите“, а Атлетико веќе започна преговори со Монако.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сидибе игра на позицијата десен бек и за него силен интерес покажа и Жозе Мурињо, но Атлетико Мадрид успеа да ја победи конкуренцијата.

Цената на Французинот во овој момент изнесува околу 30 милиони евра, но Монако за неговата слобода бара најмалку 45 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…