Брзината отсекогаш била еден од клучните атрибути во Премиер лигата, па островските клубови секогаш се во потрага по нови брзи играчи.
Еден од оние кои ги оставаат противниците во прашина и оваа сезона е сензационалниот Мохамед Салах. Сепак, играчот на Ливерпул, верувале или не, е на 18. место на листата на најбрзи фудбалери оваа сезона во Премиер лигата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Салах оваа сезона доби многу признанија, а брзината е нешто што, со останатите квалитети, го прави незапирилив за противничката одбрана. Така оваа сезона, Салах достигна брзина од 34,93 км/х, но тоа не беше доволно да се најде меѓу најбрзите фудбалери во Премиер лигата.
Египѓанецот така беше малку побрз од својот соиграч Алекс Окслејд-Чембрплен и Садио Мане, додека „разочараа“ играчите на Арсенал Хектор Белерин и Пјер Емерик-Обамејанг кој се наоѓаат на 13., односно 14. место. ТОП 10 е резервирано и за некои неочекувани имиња. Така Лорен Кошчиелни, Антонио Рудигер, Кајл Вокер, Патрик Ван Анхолт и Кико Фермина го одбранија лицето на дефанзивците и покажаа дека не само напаѓачите се способни да „притиснат на гасот“.
Бекот на Кристал Палас, Ван Анголт за само малку не е на провот место, кое му припадна на играчот на Манчестер Сити, Лерој Сане. Сане до првото место дојде со брзина од 35,48 км/х.