Дома Фудбал Останато ФОТО: Роналдо доби нови копачки, но навивачите се надеваат дека нема да игра со нив

ФОТО: Роналдо доби нови копачки, но навивачите се надеваат дека нема да игра со нив

Фудбалерите на Реал Мадрид денеска играат на домашен терен против Гетафе, а уште во среда „Кралскиот клуб“ го очекува реваншот од осмина финалето во ЛШ против ПСЖ.

„Кралевите“ речиси се откажаа од борбата за одбрана на титулата во домашното првенство, бидејќи зад лидерот Барселона заостануваат дури 15 бода. Јасно е дека експедицијата на Зидан е да се фокусира на Лигата на Шампионите, бидејќи тоа е единственото натпреварување каде што може да направат исчекор оваа сезона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На вчерашниот тренинг, Роналдо повторно го привлече вниманието на фотографите, кои забележаа дека португалскиот фудбалер има нови копачки. Најк го почасти Роналдо со интересни копачки кои се во знак на најбрзото животно во светот, гепардот. Меѓутоа, дизајнот на копачките не им се допадна на навивачите, па така тие се надеваат дека Роналдо нема да игра во овие копачки следните натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона го сака дефанзивецот на Јувентус

Барселона покажува интерес за бекот на Јувентус, Андреа Камбиазо, пренесуваат медиумите во…