Првата фаза во ракометната Лига на Шампиони заврши, па репрезентациите започнаа полека да се подготвуваат за Мундијалот.
Светското првенство на програмата е во јануари, а денес поширокиот список го објави и селекторот на македонската репрезентација Раул Гонзалес.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
За турнирот во Данска и Германија на првиот список се најдоа 28 ракометари, а до доставувањето на конечниот список шпанскиот стратег ќе направи неколку пресеци.
Изгледот на конечниот список би требало да го имаме во првите денови од новата година.
Македонија Мундијалот го започнува на 11-ти јануари кога ќе играме против Јапонија.
Освен Јапонија во нашата група се наоѓаат уште Шпанија, Хрватска, Исланд и Бахреин.