Ромелу Лукаку денес на својот твитер профил излезе со интересна идеја – Ол-стар натпревар во Премиер лигата.
Белгиецот верува дека со неговиот предлог во кој би играле ѕвезди од северот и југот на Англија би допринесол за поголем сјај на Премиер лигата.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
По повод овој негов предлог новинарите на „Sportsmail“ составија тимови кои би можеле да се сретнат. Треба да се истакне и дека предлогот на Лукаку е за тимовите да гласаат на навивачите.
Интересно е што за Лукаку кој како што кажавме го даде овој предлог според „Sportsmail“ нема место.
Северот би настапил во формација 4-3-3.
Давид Де Геа, Вокер, Баили, Ван Дијк, Менди, Де Брујн, Фернандињо, Гундоган, Силва, Агуеро, Салах.
Клупа: Едерсон, Фирмино, Марез, Робертсон, Лапорт, Матиќ, Стерлинг

Југот од друга страна би играл во формација 4-2-3-1.
Куртоа, Азпиликуета, Алдервилд, Вертонген, Белерин, Канте, Дембеле, Азар, Озил, Ериксен, Кејн.
Клупа: Заха, Лорис, Обамејанг, Даф, Али, Бертранд, Докур.
