Дома Топ вести ФОТО: Папата Франциск прв го доби најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација

ФОТО: Папата Франциск прв го доби најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација

Претседателот Стево Пендаровски, кој престојува во посета на Италијанската Република и Светата Столица, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, денеска имаше аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Пендаровски на својот Фејсбук профил напиша дека Папата Франциск е прв кој го доби најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација.

„Папата Франциск прв го добива најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име испишано на кирилица.

Ова е дресот со кој ќе настапат нашите најдобри фудбалери на претстојното #EURO2021. Нека донесе среќа, нови успеси и победи на претстојното европско првенство.“, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арбелоа: Јас сум виновен за тепачката меѓу Чуамени и Валверде

Алваро Арбелоа изјави дека ја презема одговорноста за инцидентот меѓу соиграчите Федерико …