Звездата на ЛА Галакси, Златан Ибрахимовиќ уште еднаш покажа дкеа мисли и на своите најмлади фанови. Овој пат беа момчињата од Тајланд.
Станува збор за 12-те деца кои минатото лето беа зараобени во пештерата во Тајланд и да бидат спасени после 17 дена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После големите напори на спасувачките екиши децата беа ослободени од пештерата на 10 јули и беше вистинско чудо како сите успеаа да преживеат во услови на малку вода и без храна.
Момчиеата од тој момент станаа планетарни херои. Гостуваа во многу емисии, а овој пат беа гости во познатата шоу програма на американската ТВ ѕвезда Елен Деџенарис.
Токму кога одговараа на прашањата кој им е фудбалски идол, Елен му даде знак на Златан да се појави на сцената на нивно големо воодушевување.
„Мислев дека сум храбар, но овие деца се дефинтивно похрабри од мене. Покажаа уште еднаш дека на се треба да се работи трпеливо, верувајќи во себе. Ова најверојатно е најдобриот тим во светот“, порача Златан.
Boys rescued from Thai cave to appear on #EllenDeGeneres Show with football star #ZlatanIbrahimovic https://t.co/89GMq6Q5uU @TheEllenShow@Ibra_official pic.twitter.com/KjJQkMsKZA
— The Straits Times (@STcom) October 13, 2018