Со натпреварот помеѓу Франција и Јужна Кореја во петокот официјално започна Светското првенство за жени.
Првенството се игра во Франција, а за титулата се борат 24 репрезентации распоредени во групи од А до Ф. Во втората рунда ќе се пласираат по две најдобри екипи од секоја група, плус четирите најдобри третопласирани селекции.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со вчерашниот ден беше комплетирано првото коло во групите, а секако главна тема во досегашниот дел од турнирот евчерашниот натпревар помеѓу САД и Тајланд.
Имено, Американките во тој натпревар славеа победа со неверојатни 13:0, а се истакна Алекс Морган која постигна пет гола. По два постигнаа Лавела и Мевис, додека еден гол постигнаа Хоран, Рапиона, Пуг и Лојд.
https://youtu.be/NVhPJWHIZZc