Заминувањето на Вејн Руни од Манчестер Јунајтед, за коe се шпекулира цела сезона, би можело да се случи ова лето.
Англискиот напаѓач се помалку добива шанса во првиот тим на Манчестер Јунајтед и јасно е дека за него повеќе нема иднина на „Олд Трафорд“. Се погласни се приказните, а сега дополнително ги разгоре и потегот на „Црвените ѓаволи“ на Фејсбук.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Додека тој со своето семејство се наоѓа на одмор во соседна Грција, Руни беше „отстранет“ од насловната на Манчестер Јунајтед на фејсбук, што oстава малку простор да се верува дека и следната сезона ќе игра на „Олд Трафорд“.
Руни претходно беше заедно со Погба, Ерера и Лингард за да го промовираат новиот гостински дрес, но на најновата слика која што се појави на официјалниот веб-сајт на Јунајтед се сите тука, освен Руни.