Дома Фудбал Англија ФОТО: Дали ова е најдобриот состав на Арсенал од играчи кои играле во ерата на Венгер?

ФОТО: Дали ова е најдобриот состав на Арсенал од играчи кои играле во ерата на Венгер?

Легендарниот француски стратег, Арсен Венгер вчера потврди дека на крајот од сезоната ќе го напушти Арсенал.

Венгер на клупата на „Топчиите“ пристигна далечната 1996. година и она што денеска е речиси невозможно за некој тренер, успеа на клупата на еден клуб да остане 22 години. Меѓутоа, по лошите резултати во последните неколку години дојде време Арсенал и Венгер да се збогуваат.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Францускиот стратег засекогаш остави свој потпис во играта на Арсенал кој пред некои 15 години „владееше“ со Англија. Венгер со лондонскиот клуб освои 17 трофеи, од кои три пати беше шампион на Англија. Откри многу ѕвезди, но имаше и свои промашувања што се однесува на реализираните и нереализирани трансфери.

УЕФА во чест на Венгер одлучи да го направи најдобриот состав на Арсенал од играчи кои играа во ерата на францускиот стратег. Она што многумина ги интересираше е тоа што на листата и тоа на клупата се најде само еден играч од „новата ера“ на Арсенал, а тоа е Месут Озил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лунин доби совет на која страна ќе шутира Ковачиќ

Реал Мадрид на пенали го исфрли бранителот на титулата Манчестер Сити во реваншот од четвр…