Велшанецот Герет Бејл пред четири дена го прослави својот 29. роденден.
Тој по таа прилика се огласи на социјалните мрежи, каде што објави две фотографии од тренингот на Реал со опис: „Убаво е да се вратам на тренингот на Реал. И големо фала на сите оние кои ми испратија роденденска порака“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На фотографијата може да се забележи дека Бејл никогаш во животот не бил поспремен, а тоа го „забележа“ и Питер Крауч кој многу брзо го коментираше твитот во свој стил и се пошегува.
„Среќен роденден Герет. Гледам дека не си во форма цело лето“, напиша Крауч кој ја собра целата слава на контото на тој коментар.
Great to be back training with @realmadrid and a big thank you to everyone for all your birthday messages! ⚽? pic.twitter.com/gwCTmkycOq
— Gareth Bale (@GarethBale11) July 16, 2018