Шпанскиот стратег, Унаи Емери неодамна беше избран за нов тренер на Арсенал, а на таа позиција пристигна на местото на Арсен Венгер кој по 22 години ги напушти „Топчиите“.
Англискиот клуб одлучи дека Емери е најдобар избор за нов тренер, а поранешниот тренер на ПСЖ веднаш се „фати“ за работа. „Топчиите“ во своето ново издание на магазинот за навивачите одлучија официјално да го претстават Унаи Емери.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, кога овој магазин излезе во јавнсота сфатиле дека направиле неверојатна грешка на насловната. Имено, сликата на Емери не се вклупува баш најдобро над натпиост на Арсенал, бидејќи поради таа грешка се гледа само натписот „анал“.
Се разбира, оваа грешка стана хит на социјалните мрежи, а навивачите на ривалските клубови тоа го дочекаа го исмејување на „Топчиите“. Во Арсенал сега сигурно повеќе ќе внимаваат на насловните на својот магазин.