Вчера кошаркарите на Пелистер израмнија во финалната серија против МЗТ Скопје (82:79). Битолчани ја добија неизвесната битка во „Боро Чурлевски“ и после продолжението од пет минути запашаа победа историска победа во деби настапот во борбата за шампионската титула.
Атмосферата беше прекрасна, рекордна посета на кошаркарски натпревар сезонава во Битола. Со овој триумф Пелистер ја прекина серијата од три порази против МЗТ. Во финалната серија израмнија на 1:1.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Публиката од трибините беше вистински ветер во грб на битолскиот состав. Без поддршка не беше и тимот од Аеродром.
Следниот натпревар се игра во Скопје веќе утре.
Фото: Димитар Петковски