Дома Фудбал Останато Формата е променлива, класата е вечна: Неверојатна одбрана на Касиљас (ВИДЕО)

Формата е променлива, класата е вечна: Неверојатна одбрана на Касиљас (ВИДЕО)

Во големото португалско дерби, Порто синоќа пред домашните навивачи го совлада Спортинг со 2:1 и така се приближи до освојување на титулата.

Порто со оваа победа дојде многу блиску до титулата и до крајот на првенството ќе има се во свои раце. Од другата страна, Спортинг најверојатно се збогуваше од борбата за титулата, а најголемиот „виновник“ за тоа е легендарниот Икер Касиљас кој во последните секунди од натпреварот одбрани зицер на Монтера.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Некогаш најдобрито голман во светот конечно доби шанса повторно да биде меѓу стативите, бидејќи оваа сезона повеќе ја „грееше“ клупата. Касиљас во последните моменти од натпреварот покажа за каков мајстор станува збор. Тој на одличен начин го одбрани ударот на Монтера и му донесе победа на Порто.

Погледот кој го упати играчот на Спортинг по тоа кажува се.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Повеќе нема дилеми: Ова е новиот спортски директор на Милан!

Конечно, дилемите се расчистија – Игли Таре ќе ја преземе функцијата на спортски дир…