Дома Фудбал Италија Флоренци ги пренесе импресиите од соблекувалната на „Римската волчица“: Утрешниот меч ќе биде големо достигнување за клубот и навивачите

Флоренци ги пренесе импресиите од соблекувалната на „Римската волчица“: Утрешниот меч ќе биде големо достигнување за клубот и навивачите

Рома утре ќе го одигра реванш мечот во осминафиналето во Лигата на шампионите против Шахтјор, па на „Олимпико“ ќе се обиде да ја стигне негативата од Украина 0:1.

Во Рим е „мобилизација“ веќе неколку дена и сите желно го исчекуваат мечот против Шахтјор кој е шанса по подолго време Рома да се најде во четвртфиналето во ЛШ.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Можеби не ја дефинира нашата сезона, но знаеме дека утрешниот меч ќе биде важен. Не можеме тоа да го оспориме, ќе биде важен дуел и ќе мораме да дадеме се од себе на теренот, да му донесеме победа на клубот. Тоа би било големо достигнување за екипата, но и за сите навивачи“, истакна пред важнниот натпревар фудбалерот на Рома, Алесандро Флоренци.

„Покрај сите останати во Рома и јас сакам се да мине добро. Сите заедно и победуваме и губиме и тие на клупа кои се и оние кои играат. Во таа смисла сакаме да одиграме одличен натпревар“, порача на крајот Флоренци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Страшна повреда на Мусиала, два црвени картони и победа на Баерн за полуфинале! (Видео)

Фудбалерите на ПСЖ обезбедија место во полуфиналето на Светското клупско првенство, откако…