Реномираниот германски „Скај Спорт“ најавува кој би можел да биде следниот тренер на Баерн Минхен.
Од претходно е познато дека Томас Тухел го напушта клубот на крајот од оваа сезона, во која единаесетгодишната доминација на Баерн ја прекина Баер Леверкузен, а Баварците последниот период водат интезивни преговори со Ханси Флик.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во раководството на гигантот од Минхен одлучиле по неуспешните разговори со Алонсо, Нагелсман и Зидан да се насочат кон нивниот поранешен стратег. Според информациите на „Скај“ и Флик е расположен за нова соработка.
Меѓутоа она од што навивачите на Баерн се воодушевени е фактот дека планот е легендарниот Мирослав Клосе да биде негов помошник.
Клосе за Баерн одигра 150 натпревари и постигна 53 гол и е еден од најдобрите напаѓачи во историјата на германската репрезентација со 71 гол на 137 настапи.
Клосе ја започна својата тренерска кариера веднаш по завршувањето на играчката, откако во 2016 година стана помошник тренер во стручниот штаб на Јоаким Лев кој ја водеше Германија.
🚨Excl. News Hansi #Flick | His return to FC Bayern is now a concrete topic. Bayern wants him. First talks have started!
— Florian Plettenberg (@Plettigoal) May 10, 2024
Flick is fundamentally ready for the return.
Bayern is also considering other options, just to be prepared. @SkySportDE 🇩🇪 pic.twitter.com/jjGcdLEwT7