Дома Македонски спорт Мак фудбал ФК Шкупи: Цела Македонија виде колку судијата Јакимовски беше коректен!

ФК Шкупи: Цела Македонија виде колку судијата Јакимовски беше коректен!

Oткако во вчера вечер Шкендија реагираше на судењето и однесувањето на навивачите во натпреварот во кој гостуваа на Чаир во средата (1:1).

Шкендија имаше предност до финишот од натпреварот кога Фреди Алварез го изедначи резултатот од слободен удар. По тоа соопштение денес стигна одговор од таборот на Шкупи.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


„Како одговор на вчерашната реакција објавена од ФК Шкендија за натпреварот, нагласуваме дека целиот персонал на нашиот клуб се оградува и ги осудува ваквите постапки, каде играчите, техничкиот персонал и судиите се навредуваат или напаѓаат на фудбалски натпревари, без разлика дали е на наш терен или кога гостуваме. Иако вашиот став во некои делови не е точен, ние повторуваме дека се оградуваме од ваквите постапки иако понекогаш е тешко да се контролира ситуацијата на преполн стадион, тоа се случува секаде во светот, не само кај нас.

„Бевте сведоци дека раководството на нашиот клуб и организаторите на овој натпревар цело време бараа и се грижеа ситуацијата да биде под контрола и да нема инциденти. Кога во прашање е судијата не ги сметаме за точни злонамерните коментари упатени кон него затоа што цела Македонија со свои очи виде колку беше коректен“.

„Ако зборуваме за атмосферата создадена на натпреварот, не демантираме дел од постапките што ги наведовте, но мораме да бидеме внимателни и да ја анализираме ситуацијата таква какв што, а не како што ви одговора.

„Реакцијата на нашата публика дојде кога вашите играчи почнаа да провоцираат и за ова треба да го прашате вашиот играч Дашмир Елези и се надеваме дека ќе биде искрен“

„Реакцијата на нашата публика дојде кога вашите играчи Егзон Бејтулаи и Јан Кривак за момент заборавија на фудбалот и почнаа да се занимаваат со присутните на трибините и за ова треба нив да ги прашате пред да реагирате“, гласи дел од соопштението од Шкупи.

Целото соопштение – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Германски судија тврди: Србија со право е разочарана – требаше да добие пенал!

Селекцијата на Србија приреди ново разочарување на навивачите со елиминацијата уште во гру…