Дома Македонски спорт Мак фудбал ФК Велешта во Втора МФЛ – запад, ФК Росоман и ФК Слога Виница ги пополнија местата во Втора МФЛ – Исток

ФК Велешта во Втора МФЛ – запад, ФК Росоман и ФК Слога Виница ги пополнија местата во Втора МФЛ – Исток

Екипата на ФК Велешта – Велешта ќе биде дел од Втора МФЛ – Запад во натпреварувачката сезона 2020/2021. 

На извлекување во „Куќа на фудбалот“ на кои учествуваа претставници на трите екипи, ФК Чаклани – Добри Дол, ФК Велешта – Велешта и ФК Фортуна – Скопје, ждребот одлучи тимот на ФК Велешта – Велешта да биде дел од македонската Втора фудбалска лига. 

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Според пропозициите, ждреб одлучуваше за пополнување на Втора МФЛ – Запад, откако здравствените услови не дозволија екипите да ги одиграат бараж натпреварите за место во повисок ранг. 

Натпреварувачката комисија во Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука екипите на ФК Росоман и ФК Слога Виница да бидат дел од Втора МФЛ – Исток. Одлуката е донесена откако ФК Питу Гули – Крушево го откажа своето учество од Втора МФЛ и натпреварувањето ќе го продолжи во Трета МФЛ – Централен регион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…