Денес се играа натпревари во македонската втора лига, оние кои се одложија од Истокот и Западот за викендот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меѓутоа, пресметката помеѓу Велешта и Силекс мораше вторпат да биде одложена. Теренот на кој игра Велешта и три дена подоцна нема услови за игра. Двете екипи се појавија на теренот, но само за да се утврди дека нема услови за игра.
На дел од теренот се уште има снег, додека голем дел со кал и тревната подлога е уништена. Бидејќи тимот на Велешта два пати не успева да обезбеди услови за игра многу е веројатно дека овој натпревар Силекс ќе го доби со службен резултат.
Фото: ФК Велешта