Дома Фудбал Светско првенство во фудбал ФИФА пресече: Нема веќе кому му се допаѓа, а кому не!

ФИФА пресече: Нема веќе кому му се допаѓа, а кому не!

Се ближи полека СП во Русија, а Меѓународната фудбалска федерација одлучи дека е вистински момент да ги „размрда духовите“ ширум светот.

Имено, ФИФА донесе одлука на СП во Русија да биде користена ВАР технологијата, поточно „видео асистент“ што Хотспорт веќе и најави.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Употреба на снимка ќе биде дозволена меѓутоа во четири ситуации: за погодок, за црвен картон, досуден или недосуден пенал и грубо прекршување на некое од фудбалските правила или судиските грешки, како што е пример давање картон на погрешен играч.

Судијата има право на основа на снимката да ја промени одлуката, но не е обврзан.

Ова без сомнеж одекна ширум светот, бидејќи на одреден број навивачи употребата на видео-снимката им се допаѓа, додека останатите сметаат дека видео технологијата ја „уништува душата“ на фудбалот па оттаму се жестоки противници.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

За Манчестер Сити одигра 107 минути и освои 12 трофеи, а сега замина во пензија

Поранешниот голман на Манчестер Сити, Скот Карсон, објави дека на 40-годишна возраст ја ок…