Јужноамериканската фудбалска конфедерација КОНМЕБОЛ ја потврди желбата да го задржи форматот во квалификациите за Светското првенство 2026 година откако Меѓународната фудбалска федерација, ФИФА најави промени во системот.
Одлуката ја усвои советот на конфедерации во Сантијаго, а таа само ќе биде проследена до ФИФА.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Досегашниот систем на квалификации во Јужна Америка вклучува 10 репрезентации во една група. По тој систем секоја селекција игра по 18 натпревари во квалификациите.
ФИФА направи нов формат според кој би се играло во две групи по пет селекции. Првите две селекции во групата директно би обезбедиле место на СП, додека во плеј-офот ќе играат третата и четвртата селекција. Победникот во тој плеј-оф ќе оди на СП.
Јужна Америка на овогодинешното Светско првенство во Катар од 20. ноември до 18. декември ќе биде претставувана од Бразил, Аргентина, Еквадор и Уругвај.