Дома Фудбал Останато ФИФА воведува нови правила – нема повеќе позајмица на две години

ФИФА воведува нови правила – нема повеќе позајмица на две години

ФИФА одлучи да воведе нов правилник кога во прашање се позајмиците на фудбалерите.

До сега бројни клубови знаеа да имаат повеќе меѓусебно позајмени играчи. Пред неколку Јувентус имаше дури 41, Челзи 22…Такво нешто во иднина нема да биде можно. Извршниот одбор на ФИФА одлучи од 1. јули на сила да стапи правилник кој ќе се смета за револуционерен.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Сега минималниот период за позајмица ќе биде интервал помеѓу два преодни рока, односно една полусезона или максимално позајмица од една сезона. До сега имаше случаи каде што клубовите доведуваа играчи на двегодишна позајмица, па потоа одлучуваа дали да ги откупат договорите. Тоа сега нема да биде можно.

Ќе биде забрането да се позајмува веќе позајмен играч на трет клуб, а во текот на сезоната позајмицата на играчите помеѓу исти клубови ќе биде ограничена на тројца. Од 1. јули до 30. јуни 2023 година клубот ќе може да има максимално осум позајмени играчи во текот на сезоната. Во наредните години тој број ќе паѓа и во 2024 би требало да изнесува шест играчи.

Важно е да се напомене дека играчите под 21 година ќе бидат исклучени од овие ограничувања. ФИФА на своите членки им даде период од три години да ги имплементираат правилата за позајмици на играчи во склад со меѓународно утврдените принципи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …