После две ипол години Филип Талески си заминува од Рајн Некар Левен, меѓутоа ќе продолжи да настапува во Бундес лигата.
Талески од наредната сезона ќе игра во тимот на Балинген. Македонскиот ракометар договор со Рајн Некар имаше до јуни 2021 година.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Сакаме да му се заблагодариме на Филип за неговата посветносност и му посакуваме се најдобро во иднина“, изјави директорката на клубот Џенифер Катеман.
Во Рајн Некар Талески настапуваше од 2017 година кога пристигна од Металург.