Дома Фудбал Останато Фиго му прости на Роналдо за коментарот за неговата сопруга

Фиго му прости на Роналдо за коментарот за неговата сопруга

Луис Фиго јавно му прости на својот поранешен соиграч Роналдо за коментар на сметка на неговата сопруга.

Португалецот со Роналдо ја делеше соблекувалната и освои многу трофеи, но едно време нивниот однос не беше баш најдобар и тоа поради сопругата на Фиго, Хелен Сведин.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Имено, кога Перез го советувал Роналдо помалку да излегува и да земе пример од Фиго, Роналдо му одговорил дека и тој не би излегувал да има жена како Хелен. Тоа Фиго не го прифатил најдобро.

Настанала расправа во соблекувалната, но Фиго сега јавно му прости на Роналдо.

„Во тој момент не ми беше пријатно. Од тогаш помина многу време, знам дека Роналдо не мислеше ништо лошо, беше тоа шега. Кој знае можеби и сум излегувал кога жената ќе заспиеше“, изјави Фиго со насмевка.

Во младоста Фиго беше многу љубоморен кога во прашање е неговата сопруга. Токму на негово инсистирање таа престана да се занимава со манекенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Бомба“ од Мадрид: Перез донел одлука за Анчелоти!

Карло Анчелоти нема да остане на клупата на Реал Мадрид! Оваа вест ја пренесоа бројни мадр…