Дома Фудбал Останато Фиго им порача на Хрватите: Можете да го освоите Светското првенство, Модриќ е еден од најдобрите во светот

Фиго им порача на Хрватите: Можете да го освоите Светското првенство, Модриќ е еден од најдобрите во светот

Легендарниот фудбалер Луис Фиго во изминатите денови престојуваше во Хвар каде што заседаваше извршниот одбор на УЕФА.

Прославениот Португалец смета дека репрезентацијата на Хрватска може далеку да стигне на Светското првенство во Катар.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Мислам дека Хрватска е потенцијален кандидат да го освои Светското првенство. Имавте голема шанса на минатото првенство. Имате одлични играчи и ви посакува среќа во Катар“, изјави Фиго за хрватските медиуми.

Португалецот посебно го истакна Лука Модриќ кој како го носи дресот на неговиот поранешен клуб.

„Модриќ е еден од најдобрите во светот. Исто така е и мој добар пријател, треба да бидете горди на него. Не знам како му успева да биде на тоа ниво сите години наназад. Му посакувам и понатаму да ужива во фудбалот и на ова ниво да се задржи уште долго“, нагласи Фиго.

На Светското првенство во Катар Хрватска ќе биде во групата Ф со Белгија, Канада и Мароко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…