Легендарниот англиски фудбалер, Дејвид Бекам се потсети на времето кога играше за Манчестер Јунајтед, а тренер му беше Сер Алекс Фергусон.
Бекам е еден од оние фудбалери кои во текот на кариерата многу пати ја промениле фризурата, а најмногу тоа го правеше на почетокот на кариерата, токму кога играше за Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во една ситуација тој се одлучил да ја направи популарната „Мохавк фризура“, но се плашел од реакцијата на Фергусон кога ќе го види. Бекам се потсетува дека во тие денови на сите начини се обидувал да ја сокрие фризурата.
„Имав Мохавк фризура и се плашев од реакцијата на Фергусон. Премногу се плашев за да би му ја покажал. На тренинзите одев со капа, тренирав со капа, во хотелот седев со капа…Така правев се доручкував, ручав и вечервав“…
Сепак, дошло момент кога морал да ја извади капата. Фергусон во еден натпревар на „Вембли“ го подигнал од клупата и тогаш настанал проблем.
„Кога ме виде ми кажа да одам да се шишам. Почнав да се смеам, но тој беше сериозен. Морав да одам во соблекувалната и да пронајдам ножици за самиот да се ишишам. Тоа го направив додека натпреварот се играше. Тренеерот секогаш е главен“, откри Бекам.