Напаѓачот на Валенсија, Веран Торес пристигна во Барселона каде ќе ги мине задолжителните лекарски прегледи пред да потпише за Манчестер Сити.
Поради пандемијата со коронавирусот нема да патува во Англија, па претставници на Манчестер Сити пристигнаа во Шпанија за да се извршат лекарските прегледи.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Се очекува трансферот да биде официјализиран наскоро, а Сити за неговиот потпис ќе плати 23 милиони евра, плус 12 милиони во име на бонуси.
За Торес интерес покажуваа неколку европски гиганти, но Сити успеа да ја победи конкуренцијата.