Како што изгледа Жоао Феликс ќе биде нов фудбалер на Барселона.
Според последните информации, Атлетико му дал зелено светло на Феликс да си замине. Португалецот не е во прв план кај Диего Симеоне, а Челзи каде што беше на позајмица не ја искористи опцијата да го откупи неговиот договор.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Барселона и Атлетико постигнале договор и Феликс би требало да потпише договор со 2028 година. Дел од трансферот ќе биде и Феран Торес кој по само една година во Барселона ќе се пресели во Мадрид.
Самиот Феликс во текот на вчерашниот ден даде изјава во која отворено порача дека сака да заигра за Барселона.
„Би сакал да играм за Барселона. Тоа отсекогаш бил мој сон, а кога јас би се прашувал, мојот прв избор би била Барса. Ако тоа се случи, конечно ќе биде остварување на мојот детски сон”, гласеше неговата изјава.
Најавите се дека во сабота, Феликс и официјално ќе стане фудбалер на Барселона.