Роџер Федерер и самиот потврди дека нема да настапува на Австралија Опен.
Легендарниот Швајцарец последен пат настапуваше на Вимблдон во јули, а сега изјави дека не е спремен за најголеми напори.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Сакав да спроведеме уште детални испитувања пред да дадам официјална изјава и прегледите беа охрабрувачки. Почнав долг пат на рехабилитација во кој го вложив душата и телот. Ситуацијата не е како во 2016 година затоа морам да бидам трпелив. Ќе бидам во состојба да почнам со лесно трчање во јануари и потоа да продолжам со тренирање во март или април. Според тоа проценувам дека би можел да се вратам на натпреварувањата летото 2022 година“, изјави Федерер.