Роџер Федерер се пласираше во големото финале на Вимблдон.
Во дуел на тениските титани Роџер со 3:1, по сетови 7;6, 1:6, 6:3 и 6:4 го совлада Рафа Надал и ќе има шанса повторно да се бори за трофеј.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот сет донесе фантастичен тенис на двете страни. И двајцата играчи без поголеми проблеми го држеа својот сервис, а единствената шанса за брејк ја имаше Надал во осмиот гејм, но не ја искористи.
На крајот првиот сет отиде во тај-брејк. Таму Федерер одигра фантастично (7-3) и на крајот го доби првиот сет со 7:6.
Сепак, Надал во голем стил се враќа. Шпанецот доминираше во првиот сет и со само еден освоен гејм за Роџер успеа да израмни на 1:1 по сетови.
Третиот сет подобро го отвори Федерер. Направи брејк во четвртиот гејм и дојде до 3:1, а потоа успеа да спаси три брејк топки на свој сервис, па патот кон освојување на сетот му беше отворен.
Нормално, предност брејкот на крајот го искористи и го доби овој сет за водство од 2:1.
Федерер одлично го отвори и четвртиот сет. Му одзема на Надал сервис во третиот гејм и до крајот со одлична игра успеа да ја заврши работата во овој сет (6:4) и да се пласира во финалето.
Во финалето Федерер го чека уште еден спектакуларен натпревар, а противник е Новак Ѓоковиќ.