Дома Фудбал Англија ФА Куп: Кејн за две минути го сруши Вимблдон

ФА Куп: Кејн за две минути го сруши Вимблдон

Фудбалерите на Тотенхем рутински се пласираа во наредната фаза во најстарото фудбалско натпреварување на Светот.

Избраниците на Маурисио Покетино славеа на Вембли против нисколигашот Вимблдон со резултат 3:0 (0:0).

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во првото полувреме немаше погодоци, Спарси апсолутно доминираше, имаа 12 шутеви и дури 83% посед на топка, но не успеаа да ја затресат мрежата.

Во продолжението се се’ смени за две минути, Кејн најпрво ја затресе мрежата во 63. минута, па за две минути срелаше и за 2:0.

Се стана апсолутно јасно во 71. минута, кога Ветронген постигна гол за 3:0.

До крајот немаше промена на резултатот, Тотенхем очекувано лесно се пласираше во 1/16 финалето на ФА Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Слот е оптимист пред реваншот со ПСЖ: Имаме верба дека можеме да постигнеме нешто специјално

Менаџерот на Ливерпул Арне Слот изјави дека неговиот тим има реални шанси да го промени те…