Дома Фудбал Останато Фановите на ПСЖ до сопствениците: Париз никогаш нема да биде катарски📷

Фановите на ПСЖ до сопствениците: Париз никогаш нема да биде катарски📷

Навивачите на Пари Сент Жермен продолжуваат да го искажуваат незадоволството од раната елиминација во Лигата на шампиони.

Вчера фановите жестоко ги исвиркаа скапите ѕвезди на ПСЖ, а денес им порачаа на катарските сопственици да стојат подалеку од клубот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Утрово осамнаа транспаренти на клупската база против претседателот Насер Ал Келаифи и спортскиот директор Леонардо.

„Леонардо/Насер стојте подалеку од нас“ и „Париз никогаш нема да биде катарски“, гласеа транспарентите на фановите.

Француските медиуми пренесуваат дека на крајот на сезоната ќе има „чистка“ во клубот и дека најверојатно ќе заминат претседателот Ал Келаифи и директорот Леонардо.

ПСЖ повторно имаше неуспех во Лигата на шампиони и покрај огромните вложувања во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиола е 100% сигурен дека Родри ќе блеска повторно

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е “100% сигурен” дека Родри ќе се в…