Исклучително возбудлива и ефикасна ноќ во Лигата на шампиони каде стрелците беа расположени, а фаворитите ја оправдаа фаворитската улога.
Арсенал вечерва доби голема помош од Џалуиџи Донарума, па работата ја заврши во првото полувреме. Каи Хаверц во 20 и Букајо Сака во 35 минута донесоа двојна предност, а ПСЖ до крајот се обидуваше, но не успеа да направи ништо.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Леверкузен во исклучително интересен меч ја доби битката со Милан. Цели 90 минути гледавме атомски фудбал и шанси на двете страни. Во 51-та минута Бонифејс го постигна единствениот гол, а до крајот „росонерите“ два пати ја погодија пречката.
Високи победи вечерва забележаа уште Интер против Црвена Звезда (4:0), Манчестер Сити на гостувањето кај Слован, Барселона пукна „петарда“ против Јанг Бојс, а Борусија Дортмунд со високи 7:1 славеше над Селтик.