Kaко што стојат работите, екипата на Комо во наредната сезона ќе биде една од најинтересните за гледање.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Малата екипа од истоимениот град Ломбардија направи историски успех со пласманот во Серија А, но тренерот Цеск Фабрегас нема намера да биде само авантурист и брзо да се врати во Серија Б.
Како што е познато, Андреа Белоти веќе пристигна, тој секако е големо име и звучно засилување, но тоа е само почеток.
Рафаел Варан дефинитивно ќе биде најголемото име, бидејќи е играч кој со Реал ги освои сите можни трофеи, а со Франција беше светски шампион. Звучи навистина неверојатно што Варан ја прифати поканата на Фабрегас, иако имаше богати понуди од Саудиска Арабија. Животот на езерото очигледно бил попривлечен за неговото семејство и Варан наскоро и официјално ќе го потпише договорот.
Освен него, одбраната ќе ја засили шпанскиот тандем – Пепе Реина на голот и Алберто Морено крај левата линија. Реина е и слободен играч откако му истече договорот со Виљареал, а на 41-годишна возраст реши да му се придружи на својот поранешен соиграч од шампионската генерација на Шпанија, пет години помлад од него.
Алберто Морено (32) е уште еден играч на кој му истече договорот со Виљареал и е трет по ред кој без обештетување пристигнува во Комо.
Комо нема преголем буџет за трошење, па пристигнуваат и ветерани, но со шампионски менталитет и искуство, што ќе биде многу важно во борбата за опстанок. Исто така се споменува и Серхи Роберто кој се уште не добил понуда од Барселона и официјално се води како слободен играч.